Caltagironе е мал град сместен на островот Сицилија. 142-те скалила на Санта Марија дел Монте се препознатлив знак за градот, изградени се во 1608 година и украсени се со различна керамика. Секоја година за време на цветниот фестивал La Scala, околу две илјади растенија и цвеќиња се распоредуваат на историските скалила со цел да се создаде една огромна слика и прекрасен дизајн на огромно растение или цвеќе. Многу луѓе работат на целиот дизајн и украсување на скалилата, а Andrea Annaloro е фотографот кој истиот дизајн го прави вечен преку фотографија.