Братислава, Словачка: местото каде што една интересна конструкција е замислена да одговори на потребите на една модерна и несекојдневна книжарница. Plural Bookshop е всушност, две во едно: како кафе-книжарница, дозволува да уживате во своите најголеми задоволства, а тоа се квалитетно кафе и интересна книга.
Структурата на скалилата ги одделуваат полиците сами по себе, кои ја исполнуваат севкуноста на просторот. Флексибилно оспособена да се користи за групни читања, проекции, работилници и семинари, Plural Bookshop со две нивоа овозможува на посетителите да седат, да читаат, да се релаксираат и притоа да комуницираат меѓу себе благодарение на отворениот простор.