Време е да земеме здив од стилските Направи сам проекти: за некого е вистинско олеснување денешниот предлог, додека за некого непотребно малтретирање. Во едно сме уверени – доколку имате многу книги и многу простор, овие сепаратори (кои ќе си ги направите сами) се совршениот пар за Вас!
Потребно Ви е:
– средно големи камења (2 или 4)
– металик спреј
– мини подметачи
Се’ што треба да направите е да ги испрскате камењата со спрејот, каде останува на Вас дали ќе направите сиво-златна комбинација или ќе експериментирате со друга боја. Она што е важно е да го постигнете ефектот! На крајот, откако камењата ќе се исушат, залепете им ги подметачите за да не ги оштетат Вашите полици. И не заборавајте – формата и висината на едниот сепаратор не мора да соодвестува со другиот…