Заклучно многубројните примери за уредување на Вашата библиотека или Вашето катче за читање, не можеме да одолееме на новостите кои освен што го поедноставуваат живеењето, дополнително даваат стилски печат на просторот за живеење – од аспект на редење, скадирање и уредување на Вашите книги.
Кога трендовите chevron и ombre ќе добијат на акцент во нивното сплотување во парче мебел, тогаш навистина станува збор за уникатна полица. Најновата креација со име Lean Bookshelf, потпишана од Monocomplex студио е модерен облик на модуларна полица каде книгите стојат гордо исправени и дисциплинирано наредени.