Како што веќе знаеме, дилемата за книга vs. филм е присутна во сите полемики за тоа кое од нив е подобро остварување. Во чест на филмскиот мјузикл „Клетници“, каде се слави големото дело на Виктор Иго – тимот на Honest trailers реши да направи искрен музички трејлер: како што тие велат, „верувајте ни, звучи многу подобро отколку Расел Кроу.“.
Со музика на ulian Hornik и текст на Ian Weinreich, Daniel Hartley и Andy Signore, видеото е надополнето со повеќе гласови кои ги заменуваат ликовите на Иго. Во режија на Andy Signore, сигурно сме дека истото ќе Ве насмее многу повеќе од искрениот трејлер за „Игрите на гладните“!