Прекрасна фото серија дело на Brian Sokol направена во Судан, Сирија, со луѓе кои биле принудени да ги напуштат своите домови, земајќи го само она што можеле или она што им е драгоцено. Серијата фотографии е насловена како „Најважното нешто“ и ни овозможува да погледнеме во животите на овие луѓе кои имаат само неколку работи кои може да ги наречат свои.