На идеите никогаш крај – понуда за брак во книга, запросување во книжарница, олтар од книги, позајмување книжевни мотиви за сопствените фото албуми…
„Како уметник, не постои ништо почисто од задоволството да се излезе во пресрет на креативните желби на клиентите, изразени секојдневно.“
– вели Chelsea Gray, фотограф од Blushing Bride Studio (креаторите на фото-приказни, како „Игрите на гладните“, „Појадок кај Тифани“ или „Страници за нашата љубов“, која во суштина е нејзината сопствена свршувачка). Но, овој пат со поинаква идеја: совршен пример на неверојатна библиотека, Atwater Library и еден пар кој сака да ја прослави својата свршувачка на несекојдневен начин. Како библиотекарка, идната невеста Shanon и идниот младоженец Jason, кој работи како камерман заедно соработуваа со фотографот најпрофесионално; за на крајот, целиот сет да го посветат на сите оние кои уживаат во добрите книги и библиотеките ги чувствуваат како свој дом…