Ако и Вие се вбројувате во низата девојки на кои им здодеа од едноличноста на златниот/сребрениот накит во секојдневието, тогаш ова е совршен предлог за Вас: флорален мотив на алка која ќе ја направите сами за неколку минути.
Потребно Ви е:
– пластична алка
– парче цветен материјал
– ножици
– силикон
– запалка
Постапката е крајно едноставна: откако ќе го пресечете материјалот во ленти, ќе почнете да го вртите отколку алката – на почетокот, залепете го материјалот со силикон и почнете со обвиткување. Кога ќе стигнете на крајот, повторно залепете и почекајте да се исуши. Вашата нова алка е спремна за носење, а идејата е достапна да се повтори бесконечен број пати. Изборот на мотив останува на Вас.