Dennis E. Dent, познат како Denny Dent е таткото на брзото сликање. Роден е во 1948 година во Оукланд, Калифорнија, а починал во Денвер во 2004 година. За себе остава голем број на портрети на познати личности, насликани за рекордно време. Омилени ликови за сликање му биле познатите музички имиња од 1980-тите, но тој сликал и познати филмски ликови па дури и познати политичари и научници добиле свој портрет од Dent.
Неговиот стил на сликање се раѓа откако спонтано насликал портрет на Џон Ленон. Неговите перформанси, наречени „Two – Fisted Art Attack“ се состојат од брзо сликање на платно со големина од 1,8 метри, сликајќи со повеќе четки истовремено или пак со голи раце, со музика во позадина. И додека да завршат една или две поп или рок песни, неговиот портрет е готов. Погледнете го видеото и уживајте во неколку негови дела.
„Не она што го правите, туку начинот на кој го правите Ве прави уметник. Што и да правите… правете го со сето свое срце. Бидете она што сте… бидете креативни!“
– Denny Dent