На југот од Шпанија, обвиен во убавините, раскошот и магијата на Андалузија, сместен е комплексот Puente Romano – вистински рај за вљубениците во егзотиката. На едно место обединето е најдоброто што сончевиот шпански брег Коста дел Сол има да го понуди, со чудесен дизајн со кој оддава впечаток на традиционално андалузиско село. Со мноштвото содржини и живописната локација, самиот по себе претставува дестинација која со денови може да се истражува, а притоа да се осознае само дел од се’ она што има да го понуди. Близу триста луксузно екипирани соби и апартмани, седум идилични ресторани и барови со различни теми, терени за голф и тенис, бесконечни базени, приватна рајска плажа, спа и фитнес центри, бањи и уште безброј други погодности ја прават посебна и единствена оваа неверојатна хотелска бајка со 5 ѕвезди. Ентериерот е елегантен, раскошен и лукзузен, со функционалност и комфор кои гарантираат уживање и безгранични задоволства, а надворешноста мами воздишки со убавината на тропските пејзажи и хармонично уреденото опкружување.