Лента за коса – неизбежен дел од Вашиот летен изглед. Можете да ја направите сами, во било која боја и материјал. Не Ви е потребно многу време, само треба да имате желба да направите нешто свое. Подготвени?
Потребно:
- материјал (по можност еластичен);
- игла и конец.
Чекорите се едноставни, сечете две еднакви парчиња од материјалот во соодветна големина. Ги зашивате краевите и ги пресвиткувате двата дела меѓусебно на средина. Ги зашивате четирите краеви заедно… и Вашата лента за коса е готова!