Ренесансата и класичните дела се постојана инспирација за повеќе уметници. Нешто слично на „модерната ренесанса“ со познатите ликови создава Eldar Zakirov, уметник од Узбекистан, само што кај неговите дела главната улога ја има мачката. Тој создава дигитално насликани портрети на мачки облечени во кралска облека за потребите на рускиот магазин Hermitage.