Работата на Mark Erwin Babej го доведува во прашање односот на убавината со современиот свет. Претеруваме или начинот на живот ни одредува одредени правила?
Тој фотографира убави жени за подоцна истите фотографии да ги претстави пред Maria M. LoTempio, пластичен хирург. Верувале или не, согласно Maria, сите жени имаат потреба од промени на нивниот изглед за да се вклопат во калапот наречен убавина во светот во кој живееме. Таа ги исцртала потребните промени врз лицето на секоја девојка, а ние Ви ги претставуваме исцртаните фотографии, за кои мора да признаеме дека изгледаат вознемирувачки.
За крај ние би додале: убавината не е во совршените работи, туку во несовршените кои совршено се вклопуваат заедно.