Потсетување на 30тиот роденден на Ikea, кога славната куќа за мебел постави 30 црвени Billy полици кои чинат 60$ на популарната Bondi Beach во сиднеј, каде инвентивно се инсталираше најдолгата библиотека на отворено – воопшто, во светот.
Шведската компанија ја исполни плажата со литература за посетителите, сурферите, пливачите и општо сите кои сакаат да уживаат под сонцето, се’ со цел да разменат некоја книга, односно да купат, каде средставата се наменети за Australian Literacy & Numeracy Foundation, како донација. Полиците беа прицврстени за дебели листови од дрво, за да ги задржат стабилни во песокот.
Billy полиците се класични, со рационален дизајн и се користат за складирање на се’ – од кујнски додатоци до бројни романи; но, ретко е да се видат лоцирани во јавниот простор. Особено не како вистинско освежување на плажа! Дали би сакале да се најдете во ваква ретка ситуација?