Модниот тренд кој го врати тексас шорцот назад на репертоарот кај девојките го обележува лето 2013 – дополнет со неколку летни бохо елементи, овој тренд претпоставува голи исончани нозе и лесни обувки. Како дополнение, ние Ве советуваме да го снабдите Вашиот плакар со едно ново тренди парче… кое ќе си го направите сами! Веднаш се сетивте на романтичните чипкани шорцеви? Совршени за летните денови или ноќи…
Потребно Ви е:
– бели тесни шорцеви
– лента бела чипка
– лепило
Препорачуваме шорцевите да бидат со висока половина. Започнете со лепење од самиот раб на половината, без да ја сечете лентата. Со правилни потези и рамномерно поставување на лентата, лепете ја до самиот крај на двете ногавици. На работ од ногавиците, залепете уште една лента за да истата биде проѕирна за Вашите нозе.
Дневна прошетка или вечерно излегување, обична широка маичка или впечатлива кошулка – Ваше е да изберете со каков накит ќе ги комбинирате Вашите нови шорцеви и ќе зачекорите, вредна за секој поглед.