Врската меѓу мајка е ќерка, една и единствена, нераскинлива, необјаснлива… Можеби токму затоа токму таа врска е инспирација за многу уметници. Во овој случај врската со својата мајка е мотив за Carra Sykes да создаде серија фотографии, насловени „Мајка + ќерка“. На фотографиите се наоѓаат Carra и нејзината мајка облечени во истата облека, на истото место во истата положба, со цел да се претстави дека освен годините нема друга разлика меѓу нив, а нивната поврзаност е производ на љубовта која постои меѓу мајката и својата ќерка.