Корејскиот дизајнер Јinsu Рark излегува на техно-пазарот со концепт на пенкало кој ја усвојува функцијата на „eyedropper“ на Фотошоп. Имено, во реалниот живот – оваа алатка која бира бои овозможува боите од Вашата непосредна околина да бидат скенирани и веднаш пренесени на хартија. Дали ќе ги користите за цртање, реклами или за своја душа; сензорот ќе ја детектира избраната боја и веднаш ќе ја пренесе до кетриџот (внатре во пенкалото) за да ги измеша нијансите на мастило и да ја создаде посакуваната боја.