Едно е јасно: ниту еден плакар досега не се пожалил од премногу марами, безразлика за кое годишно време се работи. Подебелите наменети за зима, полесните и помалечки варијанти за потопло време… но, што кога е лето? Една интересна комбинација на марама+ланче во неколку едноставни чекори Ви ја претставуваме во денешниот Направи сам предлог. Бојата ја препуштаме на Вас, додека Вие треба да се препуштите на нашето упатство.
Потребно Ви е:
– стара памучна маица
– ножици
– игла и конец
– мониста по желба
Прв чекор е да ја исечете маицата на ленти. Откако ќе обележите по 1 см, внимателно сечете по ширината на маицата, додека на порабените странични шавови ќе реагирате повторно со сечење.
Следен чекор е истегање на пресечените ленти – слободно истегнете ги лентите до онаа должина колку што одговара на Вашиот врат. Значи, доколку сакате Вашата марама да биде подолга, тогаш повеќе истегнете ги лентите. Дел од нив, сплетете ги во плетенка, а на дел од нив нанижете мониста.
Најтешкиот дел од овој проект шиењето спој на двата краеви на лентите – за да избегнете дебели топки позади Вашиот врат, Ви предлагаме да пресечете уште еден дел од маицата со кој ќе ги прицврстите краевите еден до друг со тоа што ќе ги зашиете. Она што преостанува е да си го носите Вашето ново уникатно парче.