Dasha Pliska е украински уметник, чие име стои за серијата цртежи под име „Архитектура“. Pliska во своите цртежи умешно претставува дел од архитектонските зданија во комбинација на човечки раце. Најзините дела се уметнички поглед на стари градби кои се наоѓаат во Одеса, Украина. Рацете се вметнати така да добиваме чувство како да ги држат старите градби, како „небесен пар“ на поддршка, или пак како заштитници на архитектурата која го отсликува градот.