„Switcheroo“ е серија фотографии на Hana Persut, каде што двојките се фотографирани два пати, но разликата е во облеката, односно тие ги менуваат улогите во втората фотографија. Се работи за маж и жена, фотографирани на исто место, во иста положба на двете фотографии, но со заменета улога; за втората фотографија мажот застанува во истата положба како што е наместена жената од првата фотографија, на нејзиното место, во нејзината облека и обратно.