Автомобилите и филмовите, постојано испреплетени, во постојана борба за надмоќ, иновација, привлекување на свои обожаватели, освојување на страста на возачите и гледачите. Но и покрај натпреварот тие се во една нераскинлива врска, во филмовите им се дава посебно место на автомобилите и токму тие се витален дел од структурата на повеќе филмски приказни.
Jesus Prudencio, шпански графички дизајнер, инспириран токму од таа врска создава серија насловена како „Автомобили и филмови“, постери на кои се претставени добро познатите автомобили од култни филмови.