„Големиот Кањон“ грандиозен сам по себе, почесен носител на статусот природно светско чудо, атракција за многу посетители кои од 2007 година имаат можност да прошетаат по неверојатната небесна патека.
Патеката е направена од стакло во форма на потковица, а посетителите можат да се чувствуваат како да чекорат по небото. Патеката е конструирана од страна на Hualapai – индијанско племе кои ја поседуваат областа каде што е изградена. Прекрасно, зар не?