Комбинација од неколку инспиративни мисли и разговори од филмовите, спортот или вестите – мотивационо видео кое третира неколку судбини, од најнесреќните до најпривилегираните. Сите со иста поента на постоење, сите со еден живот затекнати на земјата чија волја за успех и совладување на неприликите е крајно впечатлива. „Кога ќе Ви кажат дека можете, односно не можете – всушност, и за двете работи се во право. Ваше е кој совет ќе го послушате!„. Затоа што на крајот, не е важно колку пати сте паднале.. важно е колку пати сте успеале да станете. А способни сте да станете и да се борите за себе!