Во овие топли денови добро би Ви дошло разладување, но сепак размислете на кој начин би го направиле тоа. David Wile и April Maciborka, се фотографи кои со взаемна соработка создаваат комична серија фотографии насловена „Splash“.
Се работи за меморирање на дел од секундата, меморирање на реакцијата на луѓето врз кои неочекувано се истура вода. И децата и возрасните, секој на свој начин го прифаќа млазот од вода, а реакциите се докоментирани со фотографиите на Wilе и Maciborka. Говорот на телото е премногу очигледен на следниве фотографии, кои ќе измамат насмевка на Вашето лице. Уживајте.