„Очите се огледало на душата“ е многупати повторувана изрека, а многумина веруваат дека очите се најголемиот сведок за карактерот на одредена личност. Токму затоа, Veri Apriyatno создава серија цртежи насловена „Сведоци“, која ја открива околината околу една личност преку одразот во неговото око. Секоја хиперреалистична моделација на Apriyatno е направена со користење: јаглен, молив и акрилна боја на платно за да го претстави светот во рамките на нечиј поглед.
Секој поглед содржи уникатна преспектива и содржина, потврда за совршеното претставување на човечкото око, со совршена текстура и детали. Прекрасна експресија преку една слика, доказ дека очите кажуваат повеќе и од илјада зборови.