Росица Мршиќ е македонски меѓународно реномиран моден дизајнер. Нејзиното име стои зад современи, софистицирани и раскошни модни креации кои носат доза на женственост и елеганција и претставуваат визија за новите модни трендови. Колекциите на Росица се составени од удобни и модерни парчиња облека кои се лесно препознатливи по уникатниот стил на македонската дизајнерка.
Во текот на последните години, Росица се формира како иновативен и автентичен дизајнер, потврда за нејзината работа претставува и титулата Победник 2013 за Русија и Европа, еден од деветтe светски региони на натпреварот International Bulgarian Fashion Award EIRENE 2013. Во моментот Росица Мршиќ се натпреварува за светски победник на овој натпревар.
Да докажеме дека и Македонија има свои победници, гласајте за Росица Мршиќ и Република Македонија да бидат #1 во светот! Со својот глас Вие гласате за повеќе мода, повеќе иновативни ревии, нови модни тенденции, убавина, мир и просперитет.
Поддржете ја Росица Мршиќ и Република Македонија. Гласањето трае до 16.07.2013 до 13:00 часот.
https://www.facebook.com/BulgarianFashionAwards/posts/538525452880101