Хартиен чаршаф кој многу лесно ќе го направите, а ќе ја „разигра“ вашата маса во домот, терасата или дворот.
Потребни ви се:
– 3 ролни хартиени марамчиња
– ножици
– машина за шиење
Наместете ги хартиените марамчиња по редослед, во саканата должина, сошијте ги на средината и почнете да ги сечете ресите на растојание од околу 1,5 cm.
Вашето чаршафче е готово. Додадете вазна со цвеќе или некој друг украс од домот.