Лубениците освен што се многу вкусни, може да бидат и одлична декорација. Со овој лесен проект ќе ви покажеме како може да ја надополните масата за следната летна забава, семеен ручек или роденден.
Потребни ви се:
-лубеница
-три стапчиња целер
-капини
-стапчиња за ражничи
-клешта
-овошје
Најпрвин исечете три дупки и пресечете ја лубеницата на половина. Исчистете ја средината, додадете капини и почнете да ги редите стапчињата за ражничи. Со помош на клештата скршете го вишокот од стапчињата. Поставете ги стапчињата целер во дупките кои ги направивте на почеток и почнете да ги редите овошните ражничи. Од другата половина на лубеницата направете го капакот.
Вашата овошна скара е готова. Поставете ја на саканото место.