Мудар човек застана пред публиката. Пред да започне со својот говор, според добрите говорнички рецепти, неочекувано кажа шега. Публиката се смееше како луда. Откако овациите стивнаа, човекот уште еднаш ја кажа истата шега. Овој пат, помалку луѓе се насмееја. Тој ја повтори шегата по третпат. Можеби една шесттина од салата одговори со тивка смеа. По четврти, петти па дури и шестти пат… публиката воопшто не реагираше на шегата.
Кога веќе салата беше апсолутно тивка и спремна за говорот на човекот, тој се насмевна и рече:
„Ако не можете да се смеете на иста шега одново и одново, тогаш зошто плачете на иста болка одново и одново?“
Публиката занеме. Немаше ниту еден единствен одговор.
„Ви благодарам на вниманието“, рече човекот и ја постигна поентата на својот говор.