Интересен концепт на дом потпишан од Kazuya Morita Architecture Studio, со седиште во Осака каде истиот е целосно нареден со борови полици со цел да го истакнат книжевното богатство кое го поседуваат неговите сопственици.
Имено, со наслов Shelf-Pod – оваа куќа има испреплетен ламинат од бор кој заедно со полиците формира еден неверојатен изглед кој во внатрешноста содржи пирамида на таванот и дрвена платформа на различни висини каде се комбинираат ниските полици, масите и висечките полици.
Како приватна резиденција сместена во Moriguchi City, Japan истата брои мал милион книги во една богата збирка чија тема е исламската историја, па сопственикот побарал од студиото да се дизајнира еден модел за живеење и изложување со максимален капацитет, со извесни детали од исламот. Завршена во август 2007, оваа куќа денес важи за еден од најголемите проекти на инжинерите од Mitsuda Structural Consultants.