Живееме по туѓи правила, најчесто во средина која ни е наметната од општеството, се прилагодуваме на секоја ситуација, од едни се трансформираме во други личности во согласност со околностите околу нас.
Инспириран токму од овој начин на живот, унгарскиот фотограф Bence Bakonyi создава неколку фотографии под наслов „Трансформација“. На фотографиите луѓето и урбаната средина се претопени едни со други, односно благодарение на облеката која ја носат неговите модели и совршениот агол, Bence создава „урбана камуфлажа“, како што ја нарекува тој.
Погледнете ги и фотографиите од Bence Bakonyi на кои се претставени фигури што лебдат.