Кој беше Вашиот најголем страв кога бевте мали? Се плашевте од чудовиштето кое живее под креветот, чудовиштето кое Ве демне по скалите или од некој злобен кловн?
Joshua Hoffine врши реконструкција на најголемите детски стравови преку создавање на хорор фотографии. Секоја фотографија си има своја прогонувачка приказна, која е претставена автентично во неговите ѓаволски креации.
„Моите фотографии не се дело на Photoshop, се користам со Photoshop само за одредени детали, како и да ја прилагодам бојата и контрастот за печатење. Моите пријатели се актери и членови на мојот екипаж. Морам да признаам дека совршено се снаоѓаат во улогите и истовремено се забавуваат.“
Погледнете ги фотографиите и потсетете се на Вашите можеби одамна заборавени стравови, но запомнете: Вашите деца не смеат да ги видат…