„Како се викаш? ‘Коралина ја праша мачката. – Види, јас сум Коралина, во ред?
– Мачките немаат имиња, одговори таа.
– Не?’ зачудено праша Коралина.
‘Не, рече мачката. Вие луѓето имате имиња. Тоа е бидејќи Вие не знаете кои сте. Ние знаеме, па затоа имиња не ни се потребни.“
– „Коралина“, Нил Гајман
Во многу примери досега се докажало дека мачките важат за едни од најмистериозните живи сушстества – спротивно на кучињата, кои по дефиниција се најдобриот пријател на човекот, бидејќи ако им дадете храна и вода ќе Ве сметаат за Бог; додека за мачките се верува дека ако ги храните и посветувате внимание, се стекнуваат со став дека се богови (Кристофер Хиченс). Животни со карактер и свое Јас, просто е невозможно да ги натерате да направат нешто што Вие сакате, во време кога Вие сакате. Истото се однесува дури и на нивниот избор што да прават во слободното време…
Откако заклучивме дека се способни да ги чуваат библиотеките, во улога на строги библиотекари – денес ги споделуваме во улога на читатели. Фото-галеријата во прилог ги покажува мачките во различни пози, изрази на ликот и впечатоци додека искусуваат некоја книга (независно дали станува збор за роман или стрип).