Victoria Audouard е француски фотограф, креатор на чудни фотографии со огледала. Ја претставува реалноста и фикцијата, животот и бајката која се назира преку огледалото кое е штит на девојката од суровиот реален живот. Преку дигитална манипулација, Victotia не води на мало патување, оттргнување од реалноста и пренесување во светот на фикцијата.
„Моите идеи доаѓаат од моите сонови и кошмари, ги замрзнувам сеќавањата на она што го сонувам. Тие сеќавања не можат да се објаснат со зборови, но фотографијата и денешната технологија, ми помагаат во тоа.“