Едноставен проект кој може да разубави некој заборавен агол во вашата соба за малку време и минимална сума.
Потребни ви се:
-гранка
-рибарски конец
-украсна хартија
-линијар
-ножици
-игла
Најпрвин исечете ги квадратите од украсната хартија во саканата големина. Може да направите помали и поголеми.
Превиткајте ги за да добиете триаголници, но претходно означете ја средината, каде што би се протнал конецот.
„Нанижете“ ги и закачете на саканото место во домот. Та дааам :)