Вилата Mina One и нејзината “сестра” Mina Two се две нови, исклучително убави вили, со снежно бели ентериери, сместени во југо-западниот дел на белиот остров Миконос. Зборовите се од мала полза, и недоволни за соодветен опис на сиот шарм, елеганција и романтичен амбиент со кои блескаат, како и величенственоста на внатрешноста во модерен грчки стил. Иако доминира исклучиво белата боја, делуваат раскошно, луксузно и префинето, надополнети во надворешноста со магична тераса и простран базен, високо издигнати над морското синило.