Ако важите за страствен читател (односно ако се пронајдовте во 10те знаци дека сте библиофил), тогаш знаете дека најдобрите ликови од книгите тешко дека остануваат на страниците – тие се искачуваат надвор од нив, шетаат наоколу, се манифестираат во Вашето секојдневие со тоа што се Ваша постојана тема на разговор, кои практично Ве користат како медиум за нивна егзистенција.
За таа цел, Modern Eden Gallery од Сан Франциско организира книжевна изложба наречена Fiction, која опфаќа потрети од Лизбет, Девојката со тетоважа на змеј, се’ до Алиса, од Земјата на чудата. Закажана за 13ти јули, истата се најавува како една од најуникатните изложби на сите времиња.