Gabriel Aguirre е фотограф со седиште во Париз, креатор на прекрасна серија фотографии насловена како Dépliage du soi. Серијата фотографии во себе носи нешто повеќе отколку само убав призор за нашите очи. Повеќекратно присуство на една иста личност во една фотографија, на различни позиции создава чувство на движење, чувство дека овие луѓе се во потрага на нешто, иако не е јасно дали станува збор за нешто материјално или пак за цел и смисла на животот.
„Низ годините, човекот има потреба од потврдување или пронаоѓање на сопствената смисла на животот, во потрагата тие ја истражуваат природата, се фаќаат за суеверни работи се со цел да ги објаснат работите кои науката не успеала да ги објасни. Оваа серија е интерпретација на оваа потрага.“