Дисекција и вајарство, илустрација и оригами – уметноста е една возбудлива инсталација со книгите како медиум. Тие се многу повеќе отколку материјал за читање, велат Doug Beube, Long-Bin Chen, Brian Dettmer, Guy Laramée и Francesca Pastinе, уметниците кои своите дела ги изложија во Halsey Institute of Contemporary Art, во Јужна Каролина.
Сечење, резбање, манипулација на печатени материјали како и експериментирање со стотици зборови и реченици, секој уметник претпоставува збир од иновативни склуптури и композиции кои ќе се претстават на шестти јули 2013 година. Иако се различни од естетски аспект, делата ќе се обединат за да формираат една теза:
„Како што дигиталната технологија го узурпира нашето секојдневие, дали печатените книги заминуваат во историјата?“
Кураторот на најавената изложба, Karen Ann Myers вели дека истата обезбедува докази за постоењето и важноста на книгите, каде дури и денес – „книгата се третира како предмет со непроценлива вредност. Книгите ја претставуваат нашата желба да се зачуваат, организираат и запечатат деталите од нашето постоење. Преку интервенциите на секој од овие уметници, историски и наративно таа вредност на избраните материјали, интимно се запознаваат книгите и се враќаат во еден нов живот“.