„Понекогаш ние пишуваме за да најдеме одговори на сите оние произволни прашања во нашите глави…“
– Трејси Шевалие
Во ситуација кога човек се наоѓа во уметничка галерија, сосема е во ред селективно да избира на кое ремек-дело ќе се воодушеви. Ова е ставот на авторката Трејси Шевалие, која вели дека нејзиниот поглед во трите омилени слики е индикатор за создавање приказни како нивна позадина. Ова видео кое е дел од TEDTalks серијалот, каде најголемите мислители на новото време ги раскажуваат своите животи, а кое ја вклучува госпоѓата Шевалие.
Како сликарот се сретнува со својот модел? Што го објаснува погледот на „Девојката со бисерна обетка“? Зошто е доловен моментот на засрамување…? Таа раскажува три приказни инспирирани од нејзините омилени портрети, притоа искрено говорејќи за тајните на нејзиното пишување.
„Не пишувај за она што го знаеш – пишувај за она што те интересира. Не пишувај за себе – не си така интересен како што мислиш дека си.“