Љубител на животните, вечит хуманитарец и голем уметник, Traer Scott ни претставува незаборавни фотографии на кучиња бездомници во Порторико и Мексико. Уникатна претстава на кучиња кои живеаат сами, надвор од границите на пристоен дом, дури и за животните. Покрај депонии, напуштени области тие се снаоѓаат како знаат и умеат, а целта на фотографиите на Scott е да ја подигнат свеста за состојбата во која се наоѓаат кучињата, кои луѓето обожаваат да ги нарекуваат најдобар пријател на човекот. Не заборавајте, најдобриот пријател не се напушта.