Една година мистериозност, една година незнаење кој стои зад склуптурите од книги кои периодично пристигнуваат во различни библиотеки, книжарници и музеи низ Единбург. Секоја скулптура е уникатна, соодветствува на книгата од која е направена и доаѓа со сопствена порака за литературно величење и славење на книгите.
Со пораки како „…нешто во нас, никогаш не умира“ или „во поддршка на оние кои ги претвориле идеите во зборови, зборовите во книги, а книгите ги сместиле во библиотеките“, алудира на тоа дека уметникот чие име стои зад овие изработки е страствен љубител на книги.
Последната склуптура е испратена до библиотеката Leith, со зборовите „Библиотеките се посебни места“. Со склуптурата следи и белешка. Станува збор за цитат од A.A.Milne, авторот на Winnie the Pooh:
„Позабавно е да се зборува со некој кој не користи долги, тешки зборови, туку кратки, лесни зборови како „Што има за ручек?“.
На крајот од белешката стои:
„Во поддршка на Библиотеките, Книгите, Зборовите, Идеите. Подготовка за лет.“