Младите италијански архитекти, Giulia Bortolotti и Lucio Leone со седиште во Њујорк, создаваат креативен проект насловен „Дрвени букви“. Проектот се состои од дрвени букви кои можат да се вклопат во амбиентот на секој дом и да имаат практична примена.
На пример, BOOK изработени од дрво, ги наменуваат како полици за книги. Љубителите на книги се особено воодушевени од кретивноста и можноста нивните книги да добијат соодветен „дом“. Буквите се рачно изработени креации од страна на квалификувани дрводелци, чија што работа спаѓа во категоријата уметност.