Мандала дезените се голем тренд во модата и внатрешното уредување. Со денешниот проект ќе ви покажеме како да разубавите една стара памучна маица користејќи го овој дезен.
Потребни ви се:
– памучна маица
– ножици
– пенкало
– лист хартија
Најпрвин исечете ги ракавите на маицата и проширете го отворот кај вратот.
На лист хартија нацртајте го саканиот мандала дезен, на истиот принцип како што се прават хартиените снегулки.
Исцртајте го дезенот на саканите места на маицата.
Почнете да сечете внимателно.
Вашата маица е готова.
Искомбинирајте ја со омилените шорцеви или панталони и подготвени сте за излегување :)