Секојдневно сите се соочуваме со предизвикот да направиме нешто ново, креативно и поинакво од досега виденото. Let’s Caffe во Тајван на своите потрошувачи им нуди можност да пијат кафе со својот лик на него. Кога го порачуваат кафето, тие се фотографираат, а машината за кафе ја отсликува нивната фотографија врз пената од кафето. Една „паметна“ машина за кафе, вие со насмевка на лицето за што подобра фотографија и готово… Вашето оригинално кафе е готово. Прекрасна идеја, зар не?