Мрзливи денови и бесони ноќи – совршена дефинција на летото! Без обврски и без нервози, освен под исклучок планирање летни забави со Вашите пријатели. Кој е условот за овој тип на забава? Приватен двор, добро расположение и пристојни познавања на литературата…
Мислите дека големите книжевници и најпознатите ликови од книгите не знаат да се забавуваат? Нашите 5 предлози за летни коктели ќе Ве поместат од местото на кое што стоите и дефинитивно ќе Ве натераат да ги прочитате насловите (доколку се’уште не сте го направиле тоа). Подгответе се за максимално уживање – од класични примери до модерен чик-лит, изборот го препуштаме на Вас. Наш совет е креативно искористување на одморот… Затоа што е лето и спомените едвај чекаат да се случат! И затоа што секое лето има приказна.
Создадете ја Вашата.