Книгите се една од ретките работи која дополнително ги збогатува луѓето.
И колку е побогат човекот, толку е полесно споделувањето на оваа убава и пожелна навика.
А книгата која што неактивно стои на полица е еднаква на безнаменски предмет за во отпад.
Како и парите, книгите мора да се чуваат во постојана циркулација. Позајмени и подарени, колку што може повеќе. Но особено книгите, за разлика од парите, се една бескрајна предност со неверојатна вредност. Книгата не само што е пријател сама по себе, туку и Ве води кон пошироки пријателства. Кога почнувате да поседувате книги, Вашиот ум и Вашиот дух стануваат побогати. Но, кога истото ќе го споделите со другите, тогаш Вие сте побогати дури три пати повеќе!
Книгите на мојот живот
– Хенри Милер