Од своето основање во 1074 година, Admont Benedictine Monastery важи за репер во креирањето колекција на културни добра. Една од најмаркантните знаменитости на Австрија, и едно од најголемите доцна-барокни уметнички дела во Европа – не претерано, оваа библиотека е наречена осмото светско чудо, кон крајот на 19 век. Ризница на знаења, со примери за уметничкиот и историскиот развој на книгите во текот на вековите, оваа уметничка целина вметнува архитектура, фрески, скулптури, гротески, литература и се’ останато; споени заедно, како центар на историјата во развојот на бенедиктинскиот ред. Со должина од 70 метри, ширина од 14 метри и 11 метри во височина (12,7 метри во централната купола), оваа градба е најголемата манастирска библиотека во светот.
Историски книжевен споменик на културата, чие значење допира и надвор од Европа. Во библиотеката, во рамките на работното време, посетите се одвиваат без водич!