По мачките-балетанки, оваа сезона благодарение на Marc Jacobs тука се и глувчињата-балетанки. Со денешниот проект ќе би покажеме како може да ги разубавите ваши стари балетанки, со малку внимание за мала сума.
Потребни ви се:
-балетанки
– нитни и монистри
– парчиња скај/кожа или друг сличен материјал
– лепак
– клешта
– игла и конец
– креда
Најпрвин убаво исчистете ги балетанките и со креда обележете ги местата каде што ќе бидат поставени нитните.
Полека почнете да ги местите. Ако кожата е прилично дебела, направете првин дупчиња со скалпел за полесно да ја наместите нитната.
Со помош на клештата убаво затворете ги „забите“ на нитната од внатрешната страна на балетанките.
Земете ги парчињата скај и направете ги ушите на глувчето во саканата големина.
Обележете ја позицијата и со игла и конец внимателно зашијте ги.
Поставете ги и очите и почнете да ги лепите ситните монистри на врвот од балетанката, односно носот на глувчето.
Вашите глувчиња се готови и подготвени за прошетка.
Покрај нитните, може да ги израбоите глувчињата и само со боја и парчиња скај/кожа. Препуштете се на својата креативност.