„Се чуствував како да сум заглавен во креативна рутина и започнав да цртам едноставни форми без крајна цел во умот, полека исцртувајќи, односно создавајќи приказна во претходно нацртаната форма.“
Habbenink е 32 – годишен уметник од Солт Лејк Сити кој бегајќи од рутината создава прекрасни цртежи. Вешт и во традиционалната и дигиталната уметност, за овие цртежи тој користи комбинација на пенкало, обоени моливи и акварел боја во неговиот блок за цртање. Започнувајќи со цртање на едноставна форма, воден од својата имагинација тој создава прекрасни приказни сместени во таа форма.